x

Внимателно: Не ја симнувајте Super Mario Run бета на други места освен Google Play!

Категорија: Совети Објавено на 31 Декември, 2016 од GSM.mk

Иако Super Mario Run треба да се појави на Android уредите, тоа нема да биде оваа година. По претставувањето на играта за iOS, Nintendo ги посветува сите свои ресурси за претставување на играта на Android...

Апликацијата за Super Mario Run веќе постои во Play Store и корисниците може да ја симнат за да бидат информирани кога играта ќе се појави. Како и да е, тоа не значи дека може да ја играте играта пред да биде претставена. Доколку се појави бета програма за Super Mario Run, само мал број од Android корисниците ќе бидат селектирани да ја пробаат.

Веќе постојат неколку веб-страни кои пробуваат да ги убедат корисниците да ја симнат "наводната" бета верзија од Super Mario Run на нивните телефони. Некои од овие страни се навистина убедливи и најверојатно успеале да измамат неколку посетители да ја симнат играта.

Бидете внимателни и избегнете симнување на играта од ваквите страни, бидејќи се измами. Ако е навистина достапна бета верзија од играта, тогаш ќе биде достапна само во Google Play.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.