x

Внимателно: Неотстранлив Android вирус кој само се инсталира!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 31 Октомври, 2019 од GSM.mk

Деновиве се појави еден од најлошиот можен вид вируси на Android уредите..

Познат како xHelper, вирусот прв пат беше забележан во март и пет месеци подоцна веќе се појави кај повеќе од 32 000 телефони. Таа бројка се зголеми на 45 000 овој месец. Секојдневно се појавува на 130 нови уреди, просечно на 2 400 секој месец.

Овој вирус покажува реклами и нотификации кои носат профит на компаниите позади нив. Истотака, ги носи корисниците кон Play Store, каде е препорачано да се инсталира премиум веб-страна. 


Откако ќе се инсталира на одреден уред, xHelper е инсталиран како посебен дел и отстранување на оригиналната апликација преку која се појавил нема да го отстрани и него. Всушност, уреди кои се заразени никогаш нема да може да се ослободат од него, дури и при фабричко ресетирање. 

A warning from a Reddit user - Unremovable Android malware will reinstall itself even after a factory reset


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.