x

Внимателно: Новиот iOS 12.1.2 update на Apple доаѓа со сериозен проблем!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 25 Декември, 2018 од GSM.mk

Со минатиот update на Apple, iOS 12.1.1, корисниците забележаа проблем при користење на WiFi конекцијата. За жал, со новиот update, проблемите продолжуваат..

Со претставувањето на новиот iOS 12.1.2, компанијата се надеваше дека ќе го реши проблемот, но за жал, ситуацијата стана полоша. Покрај губење на WiFi конекцијата, сега корисниците забележуваат проблем и со LTE поврзаноста. Голем дел од нив се пожалија на твитер дека не можат да се поврзат на интернет, без разлика каква мрежа користат. Ресетирањето на телефонот или пак на целосната мрежа, се покажало како некорисно. 

За ситуација да биде уште полоша, дел од корисниците се пожалија дека покрај губење на WiFi конекцијата, нивните телефони покажуваат "No Service" и оневозможуваат дури и повици и праќање пораки. Изјавите доаѓаат од повеќе места во светот, но според жалбите на Твитер, најголем дел до нив се од Америка. Проблемите се појавуваат на голем дел од уредите, но највеќе кај iPhone 7 и новите, XS, XS Max и XR модели. 

Unhappy Apple iPhone users around the globe are tweeting that iOS 12.1.2 broke their cellular data connectivity

Иронијата е што Apple го претстави iOS 12.1.2 токму за да ги реши ваквите проблемите предизвикани од претходниот update. Затоа, доколку сте сопственик на Apple уред и неодамна сте го инсталирале iOS 12.1.2, нека не ве чуди ако за многу кратко време се појави нов,  iOS 12.1.3 update. Се надеваме дека барем еден до нив ќе го реши проблемот. 

Дали и вие забележавте некаков проблем по инсталирање на новиот iOS?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.