x

Внимателно: Super Mario Run може да ви ја потроши целата меморија!

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 18 Декември, 2016 од GSM.mk

Иако сеуште незнаеме дали е добра или не, луѓето очигледно биле "гладни" за нова Super Mario игра, бидејќи Super Mario Run за кратко време стана најпопуларна игра и донесе огромен приход за Nintendo..

Според тестирањата, Super Mario Run може да користи од 40 до 60MB меморија во еден час. Доколку ја играте играта неколку часа на ден, доволни се само две недели да превземе 5GB од меморијата. 

Super Mario Run бара интернет конекција за да може да ја играте и тоа е најверојатно една од поголемите причини за потребата на толку меморија. Nintendo неможе да ги исполни барањата на играта, па некои од серверите паѓаат и повторно се реконектираат, со што ја "цедат" меморијата. 

Најверојатно, Nintendo ќе може да го среди овој проблем, но сега за сега, доколку ја играте играта, осигурајте се дека имате упалено Wi-Fi.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.