x

Во 2018 година сме поминале повеќе од еден месец залепени до екран

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Февруари, 2019 од GSM.mk

Во текот на изминатата 2018 година, просечниот граѓанин поминал на својот смартфон и таблет дури 36 дена.

Резултатите од истражувањето на eMarketer се однесуваат на жителите на САД, но овие статистички податоци може лесно да се пресликаат на Европа, па и на погоелмиот дел од остатокот од светот.

Просечен жител на САД дневно поминува вкупно 2 часа и 23 минути со смартфонот во раце. Ако на тоа се додадат таблетите и други уреди, тогаш добиваме резултат од 3 часа и 35 минути дневно, односно 36,4 часа годишно.

Земајќи предвид дека ова е само просек, поединци чија работа зависи од смартфонот или се врзани со него, сигурно акумулирале многу повеќе саати пред екран, објави Android Authoroty.

Ако овие бројки ве плашат, спасот – иронично -  се наоѓа меѓу многу бројните апликации што го следат вашето работење на смартфонот и ќе ве предупредат ако претерувате.

Исто така, многу познати апликации како YouTube имаат опција да ве предупредат кога прекумерно ги користите. Овие нагодувања може да ги наместите сами.

Извор: kajgana.com


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.