x

Во домот на Марк Закерберг и неговиот виртуелен асистент J.A.R.V.I.S.

Категорија: Занимливости Објавено на 22 Декември, 2016 од GSM.mk

Основачот на Facebook, Марк Закерберг штотуку откри дека направил виртуелен асистент со вештачка интелигенција, креиран за домот на неговото семејство.

Наречен J.A.R.V.I.S., исто како виртуалниот асистент на Iron Man, овој асистент му помага на Марк и неговото семејство со работите низ домот. А Марк комуницира со него преку специјална апликација, која има софтвер за препознавање на глас.

Како што гледаме во претставувањето на J.A.R.V.I.S. од страна на Марк, овој асистент сега за сега, поврзан е со неколку електронски уреди во домот и може да ја регулира температурата во куќата, да вклучи тостер или кафемат, да пушта музика, да зборува на други јазици, да пребарува на интернет - сè во зависност од потребите на сопственикот.

Овој асистент има и смисла за хумор, односно Марк го програмил да има. Исто така му помага со облекување наутро, како што може да видите во видеото. 

Во случај да не го препознавте, гласот на J.A.R.V.I.S. е Морган Фримен, иако Марк пробал и со Арнолд Шварценегер:

Марк вели дека ова било личен предизвикот за него за оваа година, кој успеал да го креира, а сега бара од јавноста нови идеи за подобрување на овој виртуелен асистент.

Целосниот процес на кодирање на J.A.R.V.I.S. прочитајте го во постот на Марк.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.