x

Во Македонија треба да работите 48 дена за да го купите новиот iPhone X

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Септември, 2017 од GSM.mk

Приказната за дечкото од Кина кој пред неколку години си го продал бубрегот за да го купи новиот iPhone, деновиве повторно е актуелна, откако на пазарот се појави новиот iPhone X..

Црниот хумор на страна, колку ќе го чини просечен Македонец да си го купи новиот iPhone X?

Порталот The Next Web објави текст за тоа колку треба да работат луѓето ширум светот за да го платат iPhone X, почнувајќи од 999 долари за модел од 64 гига, а имајте предвид дека во пресметувањето е земена официјалната цена на iPhone во разни земји. На пример, во многу земји во ЕУ е повисока, а во Јапонија на пример  е пониска и од САД.

За пресметка биле земени јавно достапните информации за просечната месечна плата во разни земји, а за Македонија пишува дека нема достапни податоци. Затоа, ние пресметавме за вас.

Во регионот, за новиот iPhone ќе се работи од 24 до 122 работни дена за да се исплати телефонот:

Словенија 24,2 работни дена

Грција 28 работни дена

Србија 44 работни дена

Хрватска 47,3 работни дена

Бугарија 76,1 работни дена

Босна и Херцеговина 120,1 работни дена

Албанија 122,4 работни дена.

Во Македонија, просечната плата во јуни, 2017 година изнесувала 22.909 денари, или според средниот курс на доларот, 442 долари, што значи дека ако во месецот во просек има 21 работен ден, и ја земеме почетната цена на новиот iPhone од 999 долари, просечниот Македонец треба да работи 47,5 работни дена со дневница од околу 21 долар за да го заработи овој смартфон.

Состојбата во другите земји низ светот е следна:

Романија 60,9 работни дена

Унгарија 60,9 работни дена

Германија 12,5 работни дена

Словачка 49,7 работни дена

Шпанија 23,2 работни дена

Франција 9,3 работни дена

Португалија 34,4 работни дена

Полска 42,6 работни дена

Украина 173,4 работни дена

Велика Британија 12,3 работни дена

Ирска 15,5 работни дена

Турција 44,6 работни дена

САД 17,2 работни дена

Канада 15,4 работни дена

Австралија 9,3 работни дена

Нов Зеланд 11,4 работни дена

Јапонија 19 работни дена

Кина 143,5 работни дена

Индија 416,3 работни дена

Аргентина 39,9 работни дена

Мексико 254,8 работни дена

Перу 97,6 работни дена

Уганда 12.487, 5 работни дена (или 34,18 години!)

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.