x

Во никој случај не го подесувајте овој датум на вашиот iPhone

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 18 Февруари, 2016 од GSM.mk

Се чини дека 1. јануари 1970 година не бил добар ден за iPhone. Океј, тогаш воопшто не постоел, но овој датум сепак предизвикува проблеми за сите сопственици на iPhone уреди.

Корисниците пронајдоа пропуст кој ќе ги онеспособи iPhone, iPad и iPod touch уредите во неколку потези. Доволно е само да се промени датумот на спомнатиот 1. јануари 1970 и вашиот уред ќе се претвори во неупотребливо парче метал, пластика и стакло.

Уште не е познато зошто iPhone рикнува по промената на овој датум, но се верува дека се активира во уредите со A7 и понова генерација на процесор.

Единствено решение е носење на уредот во официјален Apple сервис.


Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.