x

Во последен момент Space X и НАСА го одложија историското лансирање на Falcon 9

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Мај, 2020 од GSM.mk

Компанијата на Елон Маск SpaceX го одложи лансирањето на ракетата Falcon 9 која требаше да однесе двајца астронаути на НАСА во вселената, како причина наведувајќи ги неповолните временски услови.

Од НАСА претходно најавија дека постои можност поради лоши временски услови да биде одложено лансирањето и закажани се нови датуми, 30 и 31 мај.

Претседателот на САД Доналд Трамп, првата дама Меланија Трамп, потпретседателот Мајк Пенс и нивните семејства синоќа дојдоа во Флорида за да го гледаат испраќањето на ракетата Falcon 9 од Вселенскиот центар Кенеди.

Сѐ беше подготвено, цел ден се правеа подготовки за лансирањето, астронаутите беа во нивните капсули и чекаа потврда за лансирање, но во последен момент беше одлучено дека сепак нема да има лансирање таа вечер бидејќи поради неповолните временски услови не било доволно безбедно.

Ова лансирање се смета за историско со оглед на тоа дека последен пат кога научници на НАСА биле испратени во вселената беше пред девет години, а исто така ова е првпат приватна компанија да има можност да лансира луѓе во вселената.

Летот на астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен во новата капсула Crew Dragon кон Меѓународната вселенска станица е предвидено да трае 19 часа. Планирано е астронаутите да останат неколку недели во МВС како помош на екипажот.

НАСА планираше лансирањето да го пренесува во живо на YouTube, а пренос беше планиран и преку веб-страницата на компанијата SpaceX.

Од SpaceX имаат најавено уште две вселенски мисии, и тоа патувања на Месечината и на Марс.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.