x

Во само една земја iPhone 12 мора да се продава со слушалки

Категорија: Занимливости Објавено на 20 Октомври, 2020 од GSM.mk

Во една земја, и покрај најавите на Apple, слушалките ќе доаѓаат во пакет со уред iPhone 12.

Имено, на официјалното претставување, Apple објави дека новите модели на iPhone 12 нема да доаѓаат со слушалки и полнач, што предизвика многу незадоволство кај корисниците, но им даде и на ривалите добра шанса да ги имаат за што да им се „фатат“.

Во Франција, сепак, слушалките ќе мора да доаѓаат во пакет со смартфонот, благодарение на тамошниот закон.

Имено, француските закони предвидуваат дека телефоните мора да се продаваат во комплет со handsfree систем или со слушалки, со цел да се заштитат децата до 14 години од електромагнетно зрачење.

URL

Француската влада не верува дека здравствените последици од долгорочното изложување на зрачење на смартфоните се дефинитивно утврдени, особено кај децата, затоа ниту еден уред што зрачи не смее да доаѓа во пакување без слушалки.

Упатствата во пакетите исто така мора да содржат јасни и едноставни упатства за користење на handsfree системот, односно слушалките.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.