x

WhatsApp брзо ја троши батеријата на одредени Android уреди!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 14 Ноември, 2019 од GSM.mk

Доколку сте забележале дека батеријата на вашиот Android уред брзо се троши, проблемот може да го предизвикува една апликација...

Голем дел од Reddit корисниците забележале дека WhatsApp апликацијата брзо ја троши батеријата на нивниот уред. Голем дел од овие корисници имале OnePlus уред, но дел од моделите биле и Samsung Galaxy S10e, S9, Google Pixel 3 и Pixel 4. Еден корисник изјавил дека откако ја инсталирал најновата верзија на неговиот OnePlus 6 уред, неговиот смартфон покажал дека ја има користено WhatsApp апликацијата 1.5 часа, иако ја отворил на само неколку минути. 

Вакви коментари може да бидат најдени и под самата апликација во Play Store. Еден Redmi Note 5 Pro корисник забележал дека неговата батерија паднала од 74% на 19%, бидејќи апликацијата работела во позадина. 

Најрадикалното решение е целосно да ја избришете апликација доколку имате проблем, барем додека компанијата не го реши проблемот со update. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.