x

WhatsApp од денес има нова опција

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 19 Октомври, 2017 од GSM.mk

WhatsApp ги здружи силите со Google Maps и Facebook за да им овозможи на корисниците нова опција за споделување на локацијата во реално време.

Опцијата од денес е достапна за сите корисници на уреди со Android и iOS оперативните системи. Се активира преку чет, а сè што е потребно е да кликнете на Attach и да одберете Location.

Тогаш ќе се појави новата опција за споделување на локацијата во живо.

Live Location е видлив само за учесниците во конверзацијата. Доколку повеќе корисници ја споделуваат истата локација, секој ќе биде видлив на мапа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.