x

WhatsApp продолжува да воведува контроверзни правила

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Февруари, 2021 од GSM.mk

Компанијата Facebook се обидува на секој начин да ја врати довербата на корисниците, што и самите ја нарушија кога поставија нови услови за приватност за користење на апликацијата WhatsApp.

За потсетување, минатиот месец корисниците на апликацијата WhatsApp добија известување пренатрупано со многу законски термини, во кое, меѓу другото, се содржи дел во кој се наведува дека WhatsApp ќе работи со други апликации во рамките на компанијата Facebook, како на пример, апликациите Facebook и Instagram.

Така, со прифаќање на договорот, корисниците би му пружиле на Facebook голем број овластувања кои не одат рака под рака со апликацијата за шифрирани пораки, што е имиџот што WhatsApp се обидува да го одржи подолго време.

Исто така, во известувањето се вели дека ажурирањето не може да се одбие, туку може само да се одложи - кога ќе дојде крајниот рок, ќе мора да направите избор, или да останете без апликацијата или да ја ажурирате. Милиони корисници потоа се префрлија кај конкуренцијата, односно почнаа да ги користат Signal, Viber, Telegram и други слични апликации.

На официјалниот блог, WhatsApp сега потврдија дека продолжуваат со зацртаните промени. Сепак, одлучија да бидат потранспарентни во комуникацијата со корисниците отколку порано, па детално ќе испратат известување до сите, во кое ќе напишат што точно се менува и на кој начин.

Тековниот рок за прифаќање на ажурирања и нови услови за приватност е 15 мај, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите дотогаш. Можеби популарноста на Signal и Telegram ќе порасне уште повеќе, а можеби на корисниците сепак ќе им се допадне фактот што WhatsApp „се отвори“ малку повеќе, па нема да им пречат промените кога ќе им бидат објаснети.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.