x

Windows 10 е инсталиран на повеќе од 500 милиони уреди

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 13 Мај, 2017 од GSM.mk

Компанијата Microsoft соопшти дека нејзиниот оперативен систем Windows 10 се користи на повеќе од 500 милиони уреди ширум светот.

Податокот беше објавен на годишната конференција Build Developers konferencije во Сиетл.

Ова е прилично солидна бројка, со оглед на тоа како корисниците го прифатија Windows 8 кој многумина едноставно решија да го прескокнат.

Половина милијарда корисници се двојно повеќе од бројката што Microsoft  ја соопшти на ланската конференција.

Во компанијата се задоволни од тоа како е прифатен новиот оперативен систем, како и од брзината со која се шири.

Компанијата објави и некои податоци за Office и за Cortana. Комерцијалната верзија на Office 365 има 100 милиони активни корисници месечно, а Cortana има 141 милион корисници.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.