x

Windows 10 е на 400 милиони компјутери!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 29 Септември, 2016 од GSM.mk

Најновиот оперативен систем на Microsoft, Windows 10, оваа недела прослави мал јубилеј - се најде на над 400 милиони компјутери во светот!

Оперативниот систем наводно работи на 400 милиони активни уреди во моментот, а за споредба, во мај беше инсталиран на околу 300 милиони уреди. Покрај компјутери, ова ги вклучува и телефоните, таблетите, Xbox One конзолите и други уреди, што можеби е мамење на еден начин...

Оригиналната цел на Microsoft беше оперативниот систем да биде инсталиран на 1 милијарда уреди до крајот на 2017-та година, но можеби ова не изгледа како реалистично остварување. Компанијата го форсира Windows 10, со тоа што веќе одредени игри работат само на него, а новите процесори на Intel исто така ќе работат ексклузивно на Windows 10.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.