x

Windows 10 Mobile доаѓа идната недела?

Категорија: Софтвер // Windows Phone Објавено на 04 Март, 2016 од GSM.mk

Мора да признаеме дека многу ретко објавуваме вести за Windows Phone, но тоа е од две причини - има премал број на корисници, но и премал број на вести. На пример, Microsoft веќе со месеци ја одложува новата верзија...

По се изгледа дека, почнувајќи од 7-ми март, корисниците на Windows Phone 8.1 уреди конечно ќе може да започнат со надградбата. Засега е потврдено дека најновата верзија ќе биде достапна во Европа и САД.

Меѓу првите телефони кои ќе добијат Windows 10 Mobile се Microsoft Lumia 535, Nokia Lumia 635, Nokia Lumia 735, Nokia Lumia 830,Nokia Lumia 930 и Nokia Lumia 1520. Како што може да забележите, дури и телефони постари од две години се наоѓаат на оваа листа, што е одличен потег од страна на Microsoft.

Иницијално, Windows 10 Mobile требаше да пристигне во 2015-та година, но по голем број на одложувања, новиот оперативен систем ќе го видиме оваа година. Се шпекулира дека Microsoft веќе не е заинтересиран за Lumia паметните уреди, бидејќи планира лансирање на нова линија на телефони, која би го носела името Surface Pro.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.