x

Windows 10 Mobile повторно одложен!

Категорија: Софтвер // Windows Phone Објавено на 26 Јануари, 2016 од GSM.mk

Навистина е фрустрирачки да бидеш корисник на Windows Phone. Покрај малиот број на апликации, новите апдејти постојано се одложуваат.

Во октомври, Microsoft најави дека Windows 10 доаѓа на мобилните телефони кон крајот на 2015-та година. Потоа, датумот беше преместен за јануари 2016-та и претходната недела, американскиот гигант објави дека првите телефони ќе добијат апдејти дури во февруари оваа година (не е специфицирано дали на почетокот и крајот).

Една олеснителна околност е што скоро сите Windows Phone телефони би требало да го добијат апдејтот, што е за пофалба. Доколку сакате да ја добиете најновата верзија, може да купите некои од телефоните кои доаѓаат со инсталиран Windows 10 - Lumia 950, Lumia 950 XL и Lumia 550.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.