x

Windows 95 сега е апликација која е достапна за вашиот компјутер

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 26 Август, 2018 од GSM.mk

Ако се вратите во средината на 90-те години од минатиот век, ќе видите дека целиот свет го користи Windows 95 оперативниот систем и смета дека тоа е врвот на технолошкиот напредок. А што ако е можно токму тоа, да се вратиме во минатото?

Претходно имавме видено примери каде оперативниот систем Windows 95 се појави на Apple Watch, Android Wear smartwatch и Xbox One, а сега некој отиде чекор понатаму и го направи достапен за сите компјутери кои работат на macOS, Windows и Linux оперативни системи.

Slack девелоперот Феликс Рисберг е одговорен за новата апликација која им дозволува на носталгичните корисници да си поиграат со Windows 95 оперативниот систем на нивниот компјутер. Тој ја остави инсталацијата на GitHub и таа е бесплатна, а сите апликации како Wordpad, MS Paint и Minesweeper стартуваат во автентичната верзија од средината на 90-те. Единственото нешто што не функционира правилно е Internet Explorer, но тоа не е ништо ново, нели?

Апликацијата зафаќа само 129MB простор, а откако ќе ја инсталирате и стартувате ќе троши околу 200MB RAM. Во случај да се случи нешто неочекувано, секогаш можете да ја изгасите апликацијата и да ја стартувате одново.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.