x

Windows Hello го користат 84 проценти од корисниците на Windows 10

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 12 Јануари, 2021 од GSM.mk

Во последниве години, Microsoft е голем поборник за биометрика при регистрација на уреди, услуги и системи и се чини дека ваквиот став има смисла бидејќи можностите што ги нуди во овој поглед рапидно се шират во однос на популарноста.

Ова се однесува на Windows Hello, PIN и хардверски систем за потврда на автентичноста/верификација. Но, посебен акцент е ставен на Windows Hello, кој беше претставен во 2015 година со доаѓањето на оперативниот систем Windows 10, но некако е уште на маргините. Поточно, полека „излегува“ од нив, ако им се верува на показателите што ги нуди Microsoft.

Оваа можност гарантира целосна безбедност, тврди компанијата и наведува дека дури и најдобрите сајбер криминалци би се намачиле да ја разбијат. Проблемот е што не секој може да стигне до неа, бидејќи им се потребни сензори или веб-камера прилагодена на Windows Hello. Иако ова не е проблем за оние кои купуваат нов уред, било да е тоа смартфон, таблет, лаптоп или десктоп компјутер, сепак е проблем за оние кои работат на малку постари уреди.

За пет години, ситуацијата се подобри и Microsoft сега нуди повеќе биометрика за верификација и најавување. И тие измени дојдоа со извонредна брзина, како резултат на ратификацијата на безбедносните клучеви Fast Identity Online FIDO2 поддржани од работната група FIDO. Windows Hello се ажурира со нови стандарди.

Значи, она што Microsoft сега го тврди е дека 84,7 проценти од компјутерите со Windows 10 ја користат функцијата Windows Hello. На пример, во 2019 година беше 69,4 проценти. Но, корисниците кои се малку постручни тврдат дека тоа е така затоа што Microsoft ги принудува да користат PIN кога првпат ќе го поставуваат Windows 10.

Очигледно, Microsoft не сака ништо да препушти на случајот, па затоа на за нив веќе добро познат начин - со сила - се обидуваат да воведат нешто ново. Но, ако е вистина дека ова не може да го пробијат ни хакери, тогаш е за пофалба.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 69