x

Windows Phone 10 доаѓа во февруари!

Категорија: Софтвер // Windows Phone Објавено на 22 Декември, 2015 од GSM.mk

Доколку поседувате уред со Windows Phone, сигурно нестрпливо ја очекувате најновата, 10-та верзија на овој мобилен оперативен систем. За жал, имаме лоши вести...

Иако Microsoft претходно тврдеше дека апдејтот ќе пристигне овој месец, односно во декември, сепак тоа нема да се случи. Според официјална изјава од компанијата, сите Windows Phone 8.x уреди ќе започнат да се апдејтираат идната година. Секако, ова не важи доколку сте дел од Windows Insider програмата или поседувате еден од трите телефони кои доаѓаат со инсталиран Windows 10 - Lumia 950, Lumia 950XL или Lumia 550.

Извори блиски до компанијата претпоставуваат дека апдејтот нема да пристигне во јануари, пред се заради празничната сезона, туку дека може да го очекуваме кон средината на февруари идната година. Компатабилни телефони со Windows 10 се Lumia 930, Lumia 830, Lumia 735, Lumia 640 XL, Lumia 640, Lumia 540, Lumia 535, Lumia 532, Lumia 435 и Lumia 430.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.