x

Xiaomi Black Shark: Новиот гејминг телефон на Xiaomi!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Април, 2018 од GSM.mk

Xiaomi го претстави новиот смартфон наменет за гејмање, Black Shark - директна конкуренција на Razer Phone

Технички, Black Shark е независна компанија, но благодарение на голема инвестиција од Xiaomi, двете компании се надеваат дека ќе станат конкуренти на Razer и Nubia. Нивниот уред, Xiaomi Black Shark доаѓа со 6 инчен дисплеј, 18:9 сооднос и резолуција од 2160x1080 пиксели. Во внатрешноста на уредот се наоѓа Snapdragon 845, заедно со 6GB или 8GB RAM и 64/128GB меморија. 

Задната страна е изградена од алуминиум, каде се наоѓаат две камери од 12 и 20 мегапиксели, кои доаѓаат со “Dark Light Enhancement Technology" - технологија која е наменета да ги подобри фотографиите на ниска светлина. Селфи камерата е од 20 мегапиксели. 


Наменета да го подобри гејмањето, смартфонот доаѓа со батерија од 4000mAh, која поддржува Quick Charge 3.0 технологија. 

Уредот ќе биде достапен во сива и црна варијанта. Неговата почетна цена е 477 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.