x

Xiaomi го претстави смартфонот Mi 10i

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Јануари, 2021 од GSM.mk

Компанијата Xiaomi го претстави новиот смартфон Mi 10i.

Станува збор за ребрендирана верзија на моделот Mi 10T Lite 5G. Смартфонот доби 6,67-инчен LCD екран со резолуција 1080p, фреквенција на освежување од 120 Hz и формат 20:9, како и Qualcomm Snapdragon 750G процесор со X52 5G модем.

Исто така, поседува до 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, а го напојува батерија од 4.820 mAh која од 0 до 100 % се полни за 58 минути.

Главната камера има 108 MP, ултрашироката камера има 8, макро камерата има 2 и сензор за длабочина од 2 MP. Селфи камерата има 16 MP.

Продажбата на моделот  Mi 10i почнува на 7 јануари на индискиот пазар, а засега не е познато дали ќе се најде и на глобалниот пазар.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.