x

Xiaomi ќе отвора над 1,000 продавници!

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 30 Септември, 2016 од GSM.mk

Кога ќе погледнеме дека Xiaomi беше старт-ап компанија што го продаде својот прв телефон во 2011-та година, навистина е неверојатен нејзиниот раст. Компанијата е веќе гигант во секоја смисла на зборот...

Според најновите извори од врвот на компанијата, Xiaomi ќе отвори над 1,000 продавници наоколу светот до 2020-та година. Оваа вртоглава експанзија е потребна бидејќи уредите на Xiaomi се многу барани, но ретко можете да ги купите на физичка локација, туку мора да ги нарачате онлајн.

Се претпоставува дека најголем дел од продавниците ќе бидат лоцирани во Кина, но она што е сигурно е дека се планираат продавници во САД и во Европа. Дури и ко-основачот на Apple, Steve Wozniak, верува дека Xiaomi има реална шанса да се пробие во САД и да им конкурира на Apple и Samsung.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.