x

Xiaomi Mi доаѓа со 6GB RAM!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Април, 2017 од GSM.mk

Xiaomi Mi 6 ќе биде претставен оваа среда, а новите вести укажуваат на премиум модел:

Уредот доаѓа со 3 подобрености спрема својот претходник. Првата е секундарна и подобрена камера на задната страна. Другата е 6GB RAM, наместо 4GB и третата е upgrade, со кој сеуште не сме запознаени. Патем, Mi 6 постигна подобри резултати и од Galaxy S8 на Geekbench.

Значи, уредот ќе доаѓа со Snapdragon 835 процесор и  6GB RAM, нова комбинација за Кина. Неговата цена ќе биде 290 долари, а Plus верзијата ќе чини 435 долари. Во прилог е и новиот teaser за телефонот:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.