x

Xiaomi Mi 7: 6 инчен AMOLED дисплеј и Snapdragon 845

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Ноември, 2017 од GSM.mk

Кинеската компанија Xiaomi има големи планови за следната година. Според новите информации, компанијата планира да претстави нов премиум смартфон, сега за сега познат како Xiaomi Mi 7

Xiaomi Mi 7 ќе доаѓа со all-screen дизајн, што и не е големо изненадување, бидејќи Mi Mix and Mi Mix 2 доаѓаат со сличен дизајн. Големи подобрености се очекуваат во дисплејот. Станува збор за 6 инчен AMOLED дисплеј со 18:9 сооднос, направен од Samsung. Тоа е голема промена, особено кога ќе се спореди со 5.2 инчниот 16:9 Full HD IPS панел на Mi 6. 

Под хаубата, ќе се наоѓа најновиот Qualcomm процесор, Snapdragon 845. Моќниот процесор ќе биде придружен од 6GB RAM и батерија од 3350mAh. Главната камера ќе биде од 16 мегапиксели.

Цената на Mi 7 во Кина ќе биде околу 405 долари, а во другите делови од светот најверојатно ќе биде малку поскап. Иако датумот не е потврден, компанијата обично ги претставува своите нови смартфони на почетокот на новата година, околу март и април.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.