x

Xiaomi Mi 9 Explorer: Транспарентниот уред на Xiaomi со уникатен дизајн!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Јули, 2019 од GSM.mk

Xiaomi оваа година планира да претстави три нови смартфони - Mi 9/Explorer Edition, 5G Xiaomi Mi Mix 3 и Redmi K20 Pro. Ова е се што знаеме за нив:

Од нив, сите беа претставени досега, освен Mi 9 Explorer. Неговото официјално претставување го очекуваме до крајот на јули. 

Во однос на спецификации, уредот ќе доаѓа со 6.4 инчен AMOLED дисплеј, резолуција од 1080 x 2340 пиксели, 19.5:9 тело-дисплеј сооднос, а ќе биде заштитен со Corning Gorilla Glass 6. Ќе биде изграден од стаклена конструкција со алуминумска рамка од страните и ќе тежи 173 g. 

Под хаубата ќе се наоѓа Snapdragon 855, придружен од 8 или 12GB RAM и 256GB меморија. Како и повеќето смартфони оваа година, на задната страна ќе се наоѓа систем од три камери. Од нив, главниот сензор ќе биде од 48 мегапиксели, придружен од втор сензор од 12 мегапиксели и трет, широкоаголен сензор од 16 мегапиксели. Предната камера ќе биде еднакво моќна, од 20 мегапиксели. Од другите модерни трендови, Mi 9 Explorer ќе доаѓа и со скенер за отпечатоци под дисплејот. Батеријата ќе биде од 3300 mAh. 

Со својот транспарентен и уникатен дизајн, Mi 9 Explorer ќе чини 530 евра.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.