x

Xiaomi Mi 9T: Еден од новите смартфони на компанијата со солидни спецификации!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јули, 2019 од GSM.mk

Иако очекуваме уште уреди од компанијата, Xiaomi веќе претстави дел од своите нови смартфони. Меѓу нив е и Mi 9T:

Станува збор за уред со 6.4 инчен панел, резолуција од 1080 x 2340 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 19.5:9, кој е заштитен со Corning Gorilla Glass 5. Во однос на целосниот дизајн, станува збор за стаклена конструкција од предната и задната страна и алуминиумска рамка.

Под хаубата се наоѓа Snapdragon 730 со 6GB RAM и 128GB меморија. Следејќи ги модерните трендови, Xiaomi на задната страна има сместено систем од три камери. Од нив, главната е од 48 мегапиксели, придружена од втор сензор со 8 мегапиксели и трета 13 мегапикселна камера. Селфи камерата е еднакво импресивна, со 20 мегапиксели. Работи на батерија од 4000 mAh. Достапен е во црна, црвена и сина боја.

Неговата цена е 300 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.