x

Xiaomi Mi MIX 2 доаѓа со Snapdragon 835 и 8GB RAM!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 21 Април, 2017 од GSM.mk

Xiaomi Mi MIX 2 беше еден од најголемите изненадувања за минатата година, благодарение на својот интересен дизајн. Нормално, поради тоа, заинтересираноста за неговиот следбеник е огромна...

Наводно, ќе постојат 3 верзии од уредот: Првата ќе доаѓа со 4GB RAM и 128 GB меморија, втората со 6GB RAM и 128GB меморија и третата со 8GB RAM и 256GB меморија. Сите ќе работат на Snapdragon 835 процесор и Android 7.1 Nougat.

Дисплејот би требало да биде 6.4 инчен со 1440 x 2540 AMOLED резолуција. 19 мегапикселната главна камера ќе биде придружена со 13 мегапикселна селфи камера. Сега за сега, други информации не се познати.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.