x

Xiaomi Mi Note 3 доаѓа на 11 септември, заедно со Mi MIX 2!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Септември, 2017 од GSM.mk

Големиот настан на Xiaomi е закажан за 11 септември, еден ден пред Apple настанот. Кинеската компанија ќе го претстави својот нов уред, Mi MIX 2, но тоа нема да биде единствениот претставен смартфон на настанот..

Уште еден Android смартфон, кој неодамна беше зборуван од Xiaomi, е Mi Note 3. Наводно, уредот ќе доаѓа со ѕверски спецификации и ќе биде претставен на 11 септември, заедно со Mi MIX 2.

Mi Note 3 ќе доаѓа со Snapdragon 835, 8GB RAM и 256GB меморија. На задната страна, ќе се наоѓа дуален систем камери од 12 мегапиксели со dual-LED блиц. Ќе работи на батерија од 4070mAh и Android Nougat. 

Повеќе информации очекуваме на 11 септември. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.