x

Xiaomi Mi Note 3 ќе биде ѕвер од телефон!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Април, 2017 од GSM.mk

Пред само некој ден добивме вести за Mi 6, телефон кој треба да биде претставен следната недела. Но, Xiaomi не запира тука. Само што добивме новости и за новиот уред во Mi Note серијата. Да погледнеме за што станува збор:

Па, изјавите најавуваат ѕвер од телефон. Mi Note 3 ќе работи на Snapdragon 835 процесор со 8GB RAM. Доаѓа со неверојатни 128 GB или 256 GB меморија, а големината на екранот ќе остане иста, 5.7 инчи. Батеријата ќе биде од 4070mAh, исто како кај Mi Note 2.

Уредот би требало да пристигне во втората половина од 2017-та, но сеуште не се знае на кои пазари ќе биде достапен. 

Инаку, доколку се прашувате зашто не сте слушнале многу за Mi Note 2, телефонот наводно имал проблеми со производството. Беше првиот уред на Xiaomi со флексибилен дисплеј, што најверојатно е причината за проблемите. Но, затоа пак, истиот дисплеј е очекувано да го има на Mi Note 3. Stay tuned!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.