x

Xiaomi наскоро ќе го претстави совршениот гејмерски смартфон

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Март, 2019 од GSM.mk

Веќе подолго време се шпекулира околу спецификациите и можностите на новиот гејмерски смартфон на Xiaomi, кој наскоро би требало да се појави на пазарот.

Според најновите информации, тој ќе користи специјална технологија на ладење, а од компанијата го опишуваат како „совршениот смартфон за гејмери“.

Black Shark 2 е името на гејмерскиот смартфон на кој работи компанијата Xiaomi, а според најавите, неговата премиера можеме да ја очекуваме некаде околу почетокот на летото.

Како што беше најавено претходно, уредот ќе има нова технологија на ладење наречена Liquid Cool 3.0, која ќе им овозможи на гејмерите да играат подолго и ќе ги отстрани проблемите со прегревање на телефонот. Сите овие информации беа објавени директно од компанијата Xiaomi.

Телефонот носи ознака SKW-A0, а изгледа дека ќе пристигне со поддршка за брзо полнење од 27W, како што има и моделот Xiaomi Mi 9. Уште од старт уредот ќе работи на Android Pie оперативен систем.

Со оглед на тоа што се работи за гејмерски телефон, Xiaomi Black Shark 2 би можел да има Game Turbo Booster, заедно со бројни подобрувања за CPU, GPU и мрежата, кои во секој случај ќе го подобрат гејминг искуството.

Гласините велат дека овој модел ќе биде достапен со 12GB RAM и голем дисплеј со тенки рамки околу него.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.