x

Xiaomi претстави уште еден производ кој е копија на Apple!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Јануари, 2019 од GSM.mk

Кинеската компанија Xiaomi е позната по своите нискобуџетни уреди со одлични перформанси, но истовремено е позната и по големиот број копии на Apple производи...

Иако сме импресионирани од новиот Redmi Note 7 - телефон кој за 200 долари нуди одличен дизајн, голема батерија од 4,000mAh, Snapdragon 660 и импресивна камера од 48 мегапиксели, но маската со која доаѓа, на прв поглед навистина потсетува на iPhone 5C.

Маската на iPhone 5C

The original perforated case for iPhone 5C

На прв поглед, не станува збор за директна копија, како случајот со Xiaomi AirPods AirDots слушалките, сепак ја позајмува "главната идеја" од дизајнот на маската на iPhone 5C со дупки на задната страна, со цел да се гледа неговиот шарен изглед. Истотака, додека маската на Apple има дупки во средината на уредот, каде што се наоѓа логото, додека маската за Redmi Note 7 има дупки низ целиот дизајн. 

И покрај тоа што генералната идеја за маската е дефинитивно позајмена од Apple, овој пат Xiaomi претстави производ со малку поинаква и своја, уникатна, визија. 

Што мислите вие, дали Xiaomi повторно го ископира Apple?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.