x

Xperia Z2: Телефон кој ќе ве натера да заборавите на сите други!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 14 Јуни, 2014 од GSM.mk

Неодамна имавме прилика да го тестираме новиот телефон на Sony, моделот Xperia Z2, благодарение на дечките од Ледиком. Нашите импресии се, во најмала рака...импресивни! :)

Дизајн и екран

Xperia Z2 ќе ве освои уште при првиот контакт со него. Искуството во дизајнот на Sony веднаш е забележливо, така што добивате чуство на премиум телефон во кој е вложено голем труд и квалитетни материјали. На предниот дел од телефонот се наоѓа огромен 5,2 инчен екран со FullHD резолуција од 1920 x 1080 пиксели.

Мора да споменеме дека дизајнот е надополнет со iP58 сертификат, што значи дека телефонот е отпорен на вода и прашина, нешто што е одлика на новите телефони од Sony. Екранот е приказна за себе - со помош на Triluminos и X-Reality технологиите на јапонскиот гигант, добиваме едни од најдобрите бои и контрасти видени кај мобилните телефони. Sony долго време ги произведува едни од најдобрите телевизори на пазарот, така што евидентно е нивното знаење на ова поле.

Перформанси

Како и повеќето телефони од новата генерација, Xperia Z2 е опремен со Snapdragon 801 quad-core процесор кој работи на 2,3GHz, надополнето со quad-core Adreno 330 графички процесор. Истите перформанси ги красат и Samsung Galaxy S5 и LG G3, така што можете да бидете сигурни дека не постои апликација на светот која ќе се прикаже како „презахтевна“ за овој телефон.

Надополнето со интересниот и функционален кориснички интерфејс, ви гарантираме дека ќе уживате во секој момент поминат со Xperia Z2. Одамна не ни се случило да сакаме да „чепкаме“ по телефонот со цел да му најдеме некоја маана, но едноставно не успеавме во намерата кај овој уред.

Целосни спецификации на Sony Xperia Z2

Камера

Во игра доаѓа уште една област каде што Sony има повеќегодишно искуство - фотографирањето. Камерата на Xperia Z2 е со резолуција од 20,7 мегапиксели, надополнето со оптичка стабилизација на сликата, LED блиц и можност да снимате видеа во 4K резолуција. Леќата е 30% поголема од стандардните кои се вградуваат кај останатите телефони, што и овозможува да пропушта поголемо ниво на светлина и ултимативно доведува до подобри и пореалистични фотографии.

Имавме можност да ја тестираме камерата во најдобрите услови на перфектна сончева светлина, како и во најлошите при слабо осветлување. Резултатите, без разлика на околина, се импресивни.


Заборавете на вашиот фото-апарат, во комбинација со водоотпорноста на Xperia Z2, ова е вистинскиот уред за правење на перфектни летни фотки.

Заклучок

Сметаме дека нашето мислење е очигледно - Sony успеа да направи вистински конкурент на Samsung Galaxy S5 и што е уште поважно, успеа да го направи тоа со стил. Xperia Z2 е достапен во Ледиком за цена од само 549 евра, што е одлична цена за одличен уред.

Доколку барате нов телефон за летото - тоа е дефинитивно забавниот и моќен Sony Xperia Z2!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.