x

YotaPhone 3: Дуален екран за 350 долари!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Јуни, 2017 од GSM.mk

За оние кои не се запознаени со YotaPhone серијата, овие телефони се дизајнирани со дуален екран, благодарение на E Ink дисплејот на задната страна..

Во април, се појавија гласини дека новиот YotaPhone 3 ќе биде претставен ова лето, а денеска официјално беше претставен во Кина. Инаку, најпрво телефонот беше планирано да биде претставен минатата година, но имаше проблеми со производството. 

Екранот на предниот дел ќе доаѓа со AMOLED дисплеј. Ќе содржи 64GB и 128GB меморија, а неговите цени ќе бидат 350 и 450 долари. Сега за сега, се очекува да биде достапен во Русија и Кина. 

Сеуште не се знае дали ќе биде достапен на други места. YotaPhone 2, на почетокот беше планирано да го има и во Северна Америка, но неговото претставување беше откажано. Компанијата изјави дека повлекувањето на серијата било поради недостаток на единици. Кинеската компанија ZTE и Yota Devices се здружија за производството на YotaPhone 3 и оригиналното производство беше 100 000 единици. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.