x

YouTube Go: Апликација која дозволува да симнувате видеа на вашиот Android уред!

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 10 Февруари, 2017 од GSM.mk

Во септември, Google вети You Tube Go апликација која ќе ви дозволи да симнувате клипови од најпознатата видео платформа на вашиот телефон или таблет. Конечно, достапна е бета верзија од апликацијата на одредени места..

Апликацијата е поволна за користење на места каде што нема доволна покриеност на вашето 3G/4G и видеата неможете да ги гледате. Истотака, со нејзина помош може да заштедите доста пари бидејќи гледањето YouTube видеа на вашите уреди може да биде навистина скапо, доколку тоа не е на WiFi. На овој начин ќе може веќе да ги имате симнато видеата пред да излезете од дома и да ги гледате кога сакате без потреба на интернетот. 

Денеска, Google ја претстави бета верзијата од апликацијата, но само за корисници во Индија, како земја со најспор интернет, а најскапи плаќања. На YouTube Go може да симнувате два типа видеа, со Basic и Standard квалитет. За жал, нема HD опција. Но, од друга страна, благодарение на фактот што нема видеа со висок квалитет, апликацијата е многу мала, не зафаќа место и брзо се симнува.

Дали би ја симнале доколку е достапна кај нас? 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.