x

YouTube Incognito: Гледајте видеа без импликации

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јули, 2018 од GSM.mk

Кога станува збор за YouTube, луѓето ја сакаат инкогнито опцијата не поради содржината на видеата што ги гледаат, туку поради тоа што нуди...

На YouTube, доколку гледате само едно видео кое се разликува од вашите вообичаени видеа може да предизвика апликацијата да ви понуди низа непосакувани предлози и да ја бомбандира вашата страна. 

Отсега, неколку месеци по бета тестирањето, Google конечно ја додаде инкогнито опцијата за Android верзијата на YouTube апликацијата. За да ја активирате, се што треба е да кликнете на вашата профилна и да одберете "Turn on Incognito". Потоа, ќе ја забележите добропознатата инкогнито икона која се наоѓа на YouTube. 

Додека е активирана, се што е поврзано со вашиот профил, како што се претплатените профили, лајковите и слично, ќе исчезнат се додека не ја исклучите опцијата. Како и функцијата на самиот пребарувач, инкогнито опцијата е наменета за ваше полесно сурфање, но не ги крие вашите активности од вашиот администратор. Сурфајте безбедно!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.