x

YouTube канали за сечиј вкус: Мода, фитнес, хумор, готвење

Категорија: Забава Објавено на 30 Ноември, 2016 од GSM.mk

Видео сервисот YouTube стана место за сериозна заработка на луѓе кои умеат како да го презентираат своето знаење и умешност. Без разлика дали ви е потребен туторијал за шминкање или фитнес совети, YouTube е вистинското место за тоа.

Со цел подобро да ги филтрирате работите што ве интересираат, добро е да се претплатите на каналите што поставуваат видеа од одреден тип. Еве дел од оние личности издвоени од страна на lifehack, со исклучителна посветеност на YouTube каналите од кои можете да научите неколку работи. Плус издвоивме неколку наши предлози.

Шминка и убавина

Во случај да ви е потребен туторијал од овој тип, Мишел Фен е првата чии видеа треба да ги погледнете. Мишел е присутна околу пет години со канал на YouTube, а нејзината популарност постојано се зголемува. Дури и потпиша договори со брендови за козметика, токму благодарение на нејзината умешност и популарноста на видеата.

Мода

Овде ќе најдете видеа поврзани со стил, шминка, мода, фризури. Девојката која стои зад каналот се вика Семи и е стилист од Лондон.

Хакчиња и трикови

Доколку сакате да си го олесните животот и да научите по некое трикче, тогаш Kip Kay е вистинскиот канал за вас. Исто така добри канали преполни со „хакчиња“ се CrazyRussianHacker и Quirkology.

Хумор

Откако се покажа дека пренк видеата можат да стекнат популарност преку ноќ, одеднаш се појавија премногу канали од овој тип. Но, меѓу нив има неколку што се издвојуваат по популарноста како што се VitalyzdTvRomanAtwoodwhatever.

Готвење

Кој ако не каналот на еден од најпознатите готвачи на денешницата - Џејми Оливер? Неговиот канал веќе се приближува кон бројката од милион претплатници и има зошто. Умешноста за презентација, добрата смисла за хумор и иновативноста го направија Џејми неверојатно популарен.

Фитнес

Доколку сакате да дознаете нешто околу фитнес, диети и здрав начин на живот тогаш погледнете ги видеата на каналот на Омар Исаф. Омар дава совети од секаков тип и знае како да ги презентира.

Гејминг

Еден од најпопуларните канали од овој тип е оној на PewDiePie, зад кој стои Феликс Келберг кој заработува огромни средства благодарение на видеата што ги поставува. Тој главно објавува видеа на кои игра игри проследени со негов коментар.

Филм

Доколку сте вљубеници во филмот, тогаш има неколку различни канали кои нудат содржина која е атрактивна и може да ви се види интересна. Ако сакате да гледате видеа во кои се прикажани недостатоците на филмовите, добар канал е CinemaSins, доколку сакате да погледнете хумористичен пристап кон трејлерите тогаш добар избор е ScreenJunkies, за топ листи од најразличен тип може да ви послужи WatchMojo, а доколку пак само сакате да следите трејлери тогаш добар избор е MovieClips Trailers.

Шоу бизнис

Постојат неколку водители што денеска се особено популарни и чии видеа привлекуваат милиони прегледи преку YouTube. Доколку сакате да гледате гостувања на славните, тогаш можете да ги следите каналите на Џими ФалонЏими Кимел и Елен Деџенерис.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.