x

YouTube овозможи бесплатно гледање на холивудски блокбастери

Категорија: Забава Објавено на 24 Ноември, 2018 од GSM.mk

Неодамна YouTube почна да објавува познати холивудски филмови кои корисниците можат да ги гледаат бесплатно. Иако изборот не е голем, меѓу филмовите можат да се најдат и прилично доста комедии.

Корисниците на YouTube досега можеа да купат или изнајмат филмови во дигитална форма преку услугата Google Play Movies & TV, а така купените филмови се појавуваат и на YouTube доколку корисникот на двете услуги има пристап од истиот профил.

Сега корисниците можат да гледаат бесплатни филмови кои содржат реклами, пишува The Verge.

Новата услуга стана достапна кон крајот на октомври, но засега само за корисниците во САД. Се очекува да се прошири и за останатите држави низ светот.

Претплатниците на YouTube Premium се во предност, бидејќи ќе можат да ги гледаат филмовите без пауза за реклами. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.