x

YouTube Rewind верзијата на PewDiePie ги одбележува најзабвните мемиња за 2018!

Категорија: Забава Објавено на 30 Декември, 2018 од GSM.mk

По неуспехот на овогодинешниот YouTube Rewind, дел од најпознатите YouTube ѕвезди решија да направат свои, поуспешни верзии од видеото...

Веќе неколку години по ред, YouTube припрема Rewind видео на крајот од годината, во кое ги одбележува најголемите трендови и најпопуларните видеа за периодот, заедно со најпознатите јутјубери. Иронично, овогодинешниот Rewind не беше добро прифатен од публиката и стана најдислајкуваното видео на платформата.

оригиналниот YouTube Rewind 2018


Еден од јутјуберите со најмногу претплатници, PewDiePie, реши да направи своја верзија од видеото. Од Crab Rave до Avengers: Infinity War, никој не е сигурен во смешното видео на гејмерот. Досега, видеото има гледаност од 14 милиони. PewDiePie јавно го сподели своето незадоволството со современите Rewind видеа и изјави дека му е мило што повеќе не е дел од овој проект.

верзијата на PewDiePie


Како ви се допаѓа Rewind видеото на PewDiePie? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.