x

Youtube вработува 10 илјади луѓе кои ќе ги прегледуваат содржините

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Декември, 2017 од GSM.mk

Речиси 10 илјади луѓе ќе ги прегледуваат содржините кои ќе бидат објавувани на Youtube во 2018 година.

Youtube ги објави своите планови да вработи повеќе луѓе следната година за полесно да се цензурира непристојната содржина која се објавува на оваа мрежа.

Компанијата веќе неколку години е под притисок од јавноста поради екстремни, насилни и вознемирувачки видеа кои се отстрануваат дури откако публиката ќе ги прегледа и пријави.

Youtube разви автоматски софтвер за да идентификува клипови кои се поврзуваат со екстремистите, а сега ќе развие и софтвер кој ќе препознава говор на омраза и непристојна содржина за деца.

„Нашата цел е формираме тим од 10 илјади луѓе кои би ја санкционирале содржината која ја навредува нашата политика“, изјави извршната директорка на Youtube Сузан Војицки.

„Мораме да имаме пристап за ефикасно вршење на работата и брзо одлучување кои канали и клипови можат да се рекламираат. Слушнавме и од корисниците дека мораме да бидеме попрецизни во прегледувањето на содржините за да не цензурираме по грешка некои клипови“, додаде таа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.