x

За сите обожаватели на Хари Потер: Пристигнува новата игра Hogwarts Legacy

Категорија: Забава Објавено на 24 Септември, 2020 од GSM.mk

На спектакуларниот настан на Sony освен што ги објавија деталите и цената на новата конзола PlayStation 5, ги најавија и новите игри кои наскоро ќе бидат достапни.

Warner Bros веќе долго време работи на „Hogwarts Legacy“, т.н. open-world игра во која се зборува за настаните коишто се случуваат пред оние од книгите и филмовите за Хари Потер.

Хари Потер нема да биде главниот протагонист во играта - сами ќе го креирате главниот лик.

Засега нема многу детали, но може да ја погледнете најавата за новата игра.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.