x

Заборавате каде се паркирате? Google Maps може да ви помогне

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 27 Април, 2017 од GSM.mk

Апликацијата Google Maps на своите корисници им нуди нова опција, односно им помага да најдат каде го паркирале автомобилот.

Опцијата прво беше дел од бета верзијата на Google Maps од март годинава и тоа само за корисниците на оперативниот систем Android, a сега е на располагање на сите корисници на уреди со Android и iOS.

За да ја активирате опцијата на Android треба да ја допрете сината точка на дисплејот и да изберете "Save your parking", а потоа ќе се појави ознака на мапата што ја покажува локацијата на паркираниот автомобил.

Може да додадете и потсетник, односно попрецизни инструкции за подоцна, да поставите тајмер со 15-минутно потсетување, да ја пратите локацијата на автомобилот на пријатели, како и да ја зачувате фотографијата на местото каде е паркиран автомобилот.

За корисниците на iPhone, процедурата е речиси иста. Треба да ја кликнете сината точка и да ја одберете опцијата "Set as parking location". Потоа корисникот ги добива истите опции како кај корисниците на Android.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.