x

Заборавете на смартфоните, најновиот тренд е селфи со дрон

Категорија: Забава Објавено на 27 Јули, 2018 од GSM.mk

Прво беше обичното селфи, па селфи со предна камера, па селфи стик... а сега иднината е тука: селфи со дрон.

Селфи со смартфон е веќе здодевна работа. Најнов тренд во правењето селфи е фоткањето со дрон кој може да го носите во џеб.

Трендот за кратко време се рашири на социјалните мрежи, особено на Instagram, каде добрата фотографија патува многу, многу брзо.

Drone X Pro е лесен за користење, компактен е и секој може да го управува, а најдобро од сѐ е што ќе направи фантастична фотка без да мора да се грчите држејќи го смартфонот или стикот во рака.

Дронот се управува преку апликација на смартфон, може да снимате фотографии и видеа, а гаџетот е изработен од ABS пластика што го прави ултра лесен и компактен.

Дали би го пробале?

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.