x

Закерберг ја жртвуваше безбедноста на корисниците за кликови, тврди коосновачот на Facebook

Категорија: Занимливости Објавено на 14 Мај, 2019 од GSM.mk

Крис Хјуз му помогна на Марк Закерберг да го трансформира Facebook од проект почнат во студентска соба во вистински бизнис. Сега тој повикува на расцепкување на компанијата.

Во неговиот обемен текст објавен вчера во New York Times, Хјуз вели дека Закерберг има „неконтролирана моќ“ и „далеку поголемо влијание од кој било друг човек во приватнот сектор или во Владата“.

Време е, вели тој, регулаторните тела да ја расцепкаат компанијата Facebook.

„Марк е добар, мил човек. Но лут сум бидејќи неговото фокусирање на растот го доведе до тоа да ги жртвува безбедноста на корисниците и човечката пристојност за кликови“, пишува Хјуз.

„Разочаран сум од себе и од оригиналниот тим на Facebook што не размисливме доволно за тоа како News Feed алгоритмот може да ја смени нашата култура на однесување, да влијае врз избори и да им даде моќ на националистичките лидери. И загрижен сум дека Марк се има опкружено со тим што ги поткрепува неговите убедувања наместо да ги оспорува.“

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.