x

Започна претпродажбата на Huawei P20 Lite!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Март, 2018 од GSM.mk

Huawe веќе не покани на настанот закажан за 27 март, каде ќе ги претстави новите P20, P20 Pro и P20 Lite. Деновиве дознавме повеќе информации за еден од нив - P20 Lite..

Со фотографиите кои се појавија се потврди неговиот изглед, со екран како iPhone X, a денес започна и неговата претпродажба во Полска. По цена од 440 долари, телефонот нуди 5.84 инчен LCD дисплеј, со резолуција од 1080 x 2280 пиксели. 

На задната страна се наоѓа 16 мегапикселна камера, заедно со 2 мегапикселна секундарна камера за "bokeh" ефектот. Во внатрешноста, ќе се наоѓа Kirin 659, заедно со 4GB/64GB меморија. Скенерот за отпечатоци е на задната страна, а батеријата е од 3000mAh. Истотака, уредот ќе ја вклучува Face Unlock опцијата.

 

Како ви се допаѓа најевтиниот уред во P серијата на Huawei?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.