x

Започна продажбата на црната керамичка верзија на Xiaomi Mi Mix 2!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Декември, 2017 од GSM.mk

Продажбата на новата верзија на Xiaomi Mi Mix 2 започна ова утро во Кина. Станува збор за целосно црн керамички модел, кој нема да се гребе колку стандардната верзија, благодарение на својот дизајн.

Продажбата на верзијата започна во Кина, по цена од 702 долари. За разлика од стандардната верзија на Mi Mix 2, која доаѓа со алуминиумска рамка и малку керамика, оваа верзија е целосно керамичка, благодарение на што е и поиздржлива и поотпорна на гребатинки.

Како мало потсетување, уредот доаѓа со 6 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2160 пиксели. Под хаубата се наоѓа Snapdragon 835, заедно со 8GB RAM и 128GB меморија. На задната страна се наоѓа 12 мегапикселна камера, додека селфи камерата е од 5 мегапиксели. Работи на батерија од 3400mAh. 

Бидејќи Mi Mix 2 се продава во Западна Европа, најверојатно и новата верзија ќе биде продавана на истите места. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.