x

Започнаа војните на клоновите: Запознајте ја копијата на iPhone X

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Декември, 2017 од GSM.mk

Во светот на технологијата, постојано се "позајмуваат" или копираат дизајни меѓу конкурентите. Некои од нив изгледаа толку слично, што разликите се многу тешки за наоѓање..

Ви го претставуваме Leagoo S9 - копијата на iPhone X која работи на Android. Leagoo е кинеска компанија која ги продава своите уреди само во Кина, а новиот телефон го претстави пред некој ден. Всушност, на почетокот уредот требало да изгледа на Galaxy уред, но на крај компанијата се решила за iPhone X дизајнот.

Сеуште не ги знаеме неговите спецификации, но знаеме дека доаѓа со 5.8 инчен дисплеј и 19.5:9 сооднос. На прв поглед, би го помешале со вистинскиот iPhone X?


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.