x

Запознајте ги Desire 12 и 12 Plus: Одличен дизајн, просечни спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Март, 2018 од GSM.mk

HTC само што додаде два нови уреди во Desire портфолиото - Desire 12 и 12+. Да погледнеме како овие два нови смартфони ќе се борат за вашето внимание:

Двата уреди доаѓаат со новиот дизајн на HTC, сличен на U11 со 3D стакло на задната страна и метални рамки од страните. За жал, спецификациите се просечни.

Со димензии од 148.5 x 70.8 x 8.2mm и тежина од 137gr, HTC Desire 12 е компактен уред со 5.5 инчен IPS LCD дисплеј и резолуција од 720 x 1440 пиксели. Во внатрешноста, се наоѓа MediaTek MT6739, 3GB RAM и 32GB меморија. На задната страна, се наоѓа камера од 13 мегапиксели, додека селфи камерата е од 5 мегапиксели. Работи на батерија од 2,730mAh. 

Од друга страна, поголемиот и малку поинтересниот Desire 12+ е сличен на Desire 12, со неколку клучни разлики. Доаѓа со 6 инчен IPS LCD дисплеј и истата резолуција од 720x1440 пиксели. Во внатрешноста, се наоѓа Snapdragon 450, придружен од 3GB RAM и 32GB меморија. Работи на батерија од 2,965mAh. Најинтересниот дел од уредот се двете камери на задната страна - главната камера е од 13 мегапиксели, втората е од 2 мегапиксели, а селфи камерата е од 8 мегапиксели. 


HTC Desire 12 ќе биде достапен од април во црна и сребрена боја. Цената на Desire 12+ ќе биде меѓу 235 - 249 евра, додека Desire 12 е малку поевтин, со цена околу 185 - 199 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.