x

Запознајте го Aibo: Робот домашно милениче

Категорија: Забава Објавено на 27 Август, 2018 од GSM.mk

Aibo, новото издание на кучето-робот на Sony, претставено кон крајот на минатата година, досега беше достапен само во Јапонија, меѓутоа веќе од септември ќе биде пуштен во продажба и во останатите земји во светот.

Ако имате 2.899 американски долари ќе добиете робот (куче играчка) и тригодишна претплата на услугите.

Aibo користи технологија за подобро да ја разбере својата околина, а се потпира на вештачката интелигенција. Може да запамети околу 100 лица, како и врз основа на повратни информации и интеракции да открие различни односи.


Ако го погалите по вратот, грбот или носот, тоа ќе го запамети и во иднина подобро ќе реагира на вас.

Sony првиот робот го претстави уште во 1999 година. До 2006 година, јапонскиот произведувач понуди уште пет изданија, а сега ова робот-милениче ќе биде достапно за продажба во сите земји ширум светот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.