x

Запознајте го LG G6 Plus: 6GB RAM, 128GB меморија и повеќе бои!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 07 Септември, 2017 од GSM.mk

Минатиот месец, LG го претстави поголемиот брат и подобрената верзија на LG G6. Наречен LG G6 Plus, уредот нуди повеќе RAM, повеќе меморија и уште неколку подобрености. Да погледнеме:

Доколку сте фан на G6, но сте во потрага по малку помоќен телефон со повеќе меморија, а иста големина, G6 Plus е телефонот за вас. Уредот може да го најдете во Ledikom.mk по цена од 31,390 ден.


LG G6 Plus нуди 6GB RAM и 128GB меморија, што е 2GB RAM повеќе и двојно повеќе меморија од оригиналната верзија. Всушност, останатите спецификации се речиси идентични меѓу двете верзии. G6 Plus нуди 5.7 инчен QHD+ дисплеј со резолуција од 1440x2880 пиксели и заоблени краеви.


Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 821 процесор. Од задната страна има дуален систем камери од 13 мегапиксели, додека предната камера е од 5 мегапиксели. Голем дел од фановите се надеваа на помоќен процесор, како на пример Snapdragon 835, наместо Snapdragon 821, оправдувајќи го "Plus" делот од името. Батеријата е од 3300mAh и доаѓа со безжично полнење, кое досега беше достапно само кај G6 моделите продавани во Северна Америка. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.